За www.nauchno.com

Spread the love

Се викам Никола Гижаровски и сум единствениот автор, уредник, веб-мастер и веб-дизајнер на www.nauchno.com (благодарност до Дени Јованов којшто ми помага околу серверот).

Оваа веб-страница е наменета за информации и едукација. Нејзината намера не е да наведува погрешно или да навредува некого на која било основа.

Причината и желбата да го посветувам моето слободно време на непрофитен проект потекнуваат од фактот што едноставно уживам да учам нови работи и да преведувам. Преведувањето е нешто што ме дефинира не само како професионалец, туку и како личност.

Гладта за информации отсекогаш била главниот двигател зад еволуцијата на луѓето. Никогаш не губете ја желбата за надоградба и збогатување, умствено и духовно. Ви посакувам да уживате во содржините што ќе ги пронајдете на веб-страницата!

(Visited 45 times, 1 visits today)