Малку тежок концепт за замислување, но прилично возбудлив за читање и истражување:
Физичарот Шон Керол се обидува да разбере како времето функционира – поточно, да ја разбере Ајнштајновата теорија дека сè што се случува, се случува поради некаква причина. Ако е тоа точно, тогаш зошто го паметиме минатото, а не иднината? Зошто, на пример, кршењето јајце е процес што не можеме да го вратиме назад, односно јајцето да се врати во нескршена состојба?
Керол објаснува дека „стрелата (насоката) на времето“ обично е поврзана со идејата за ентропија. „Ентропија е обична мерка за тоа колку нештата се во состојба на безредие. Плус тоа, таа има тенденција да расте. Тоа е вториот закон на термодинамиката: ентропијата расте со текот на времето, нештата стануваат побезредни.
Поточно, ако ставите млеко во кафето, двете ќе се измешаат. Но, никогаш нема да се одмешаат назад во кафе и млеко поединечно. Тоа е ентропијата, односно стрелата (насоката) на времето оди само напред. Нешто што ќе ве изненади е ако тие самите по себе се вратат во состојба на купче уредно наредени листови, односно од состојба на хаос во состојба на уредност назад во времето.“
Оттаму, Керол си поставил прашање: „Зошто ентропијата на универзумот била помалку интензивна во зачетокот на времето од тоа што ни изгледа дека е сега?“ Керол верува дека одговорот на ова прашање лежи во разбирање на она што е причинителот на оригиналните својства на големата експлозија, популарно позната како „Big Bang“, и како сето тоа е поврзано со фактот дека времето е (или не е) само обична права линија, во којашто настаните имаат логичен редослед од една точка кон друга, односно дека времето е повеќе како концепт за опис на координатите во универзумот. Тој додава: „Статичниот универзум го содржи времето во себе како концепт за координатни точки, но не е во форма на обична линија што тече само напред. Не постои иднина и не постои минато, сè е еднакво едно на друго“.