Следните термини претставуваат клучни концепти што ќе ги пронајдете во литературата за теорија на системи:
- Систем: организиран ентитет што се состои од меѓуповрзани и меѓузависни делови.
- Граници: бариерите што го дефинираат системот и го разликуваат од другите системи во средината.
- Хомеостаза: тенденцијата еден систем да биде отпорен кон надворешни фактори и да ги одржува своите клучни карактеристики.
- Адаптација: тенденцијата за самостојна адаптација со цел да се направат потребните внатрешни промени за системот да се заштити себеси и да продолжи да ја исполнува својата цел.
- Реципрочни трансакции: кружни или циклични интеракции во коишто системите учествуваат на тој начин што предизвикуваат меѓусебно влијание.
- Јамка на повратни информации: процесот според кој системот се самокоригира врз основа на реакциите од другите системи во средината.
- Капацитет: стапката на пренос на енергија меѓу системот и неговата средина во времето додека тој функционира.
- Микросистем: системот најблизок до клиентот.
- Мезосистем: односот меѓу системите во една средина.
- Егзосистем: односот меѓу два система којшто има индиректен ефект врз трет систем.
- Макросистем: поголем систем којшто има влијание врз клиентите, како политиките и правилата, администрирањето на програми за добивање права и културата.
- Хроносистем: систем составен од значајни животни настани коишто влијаат врз адаптацијата.
(Visited 28 times, 1 visits today)