Социологија, проучување на општеството

Spread the love

Социологијата претставува проучување на општеството, на шаблоните во општествените врски, општествената (социјална) интеракција и културата на секојдневието.

Таа е општествена наука која користи разни методи на емпириски истражувања и критичка анализа со цел развој на маса од знаења за општествениот поредок, прифаќањето на нештата и промените, или општествената еволуција. Таа едноставно е општа наука за општеството.

Иако некои социолози спроведуваат истражувања коишто може да се применат директно на општествената политика и благосостојба, други примарно се фокусираат кон префинување на теоретските разбирања на општествените процеси.

Темите во социологијата се движат од нивото на микро-социологија на поединецот до интеракцијата на макро ниво на системите и општествените структури.

Различните традиционални фокуси во социологијата ги вклучуваат општествената стратификација, општествената класа, општествената мобилност, религијата, секуларизацијата, законите, сексуалноста, родовите и девијантноста.

Предизвикано од тоа дека сите сфери на човековата активност се засегнати од меѓусебното дејствување на општествените структури и на поединецот, социологијата постепено го има проширено својот фокус кон други теми, како здравството, медицината, економијата, војската и казнените институции, интернетот, образованието, општествениот капитал и улогата на општествената активност во развојот на научните знаења.

Опсегот на општествените научни методи се исто така проширени. Општествените истражувачи користат разни квалитативни и квантитативни техники. Лингвистичките и културните пресврти од средината на 20-от век доведоа до зголемено интерпретативни, херменевтски и филозофски пристапи кон анализата на општеството.

Слично, кон крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-те, забележан е подем на новите аналитички, математички и пресметувачки ригорозни техники, како што е моделирањето засновано врз поединецот и анализата на општествената вмреженост.

Општествените истражувања служат како информации за политичарите и креирачите на политиката, образовните лица, планирачите, законодавците, администраторите, развивачите, бизнис магнатите, менаџерите, општествените работници, невладините организации, непрофитните организации и луѓето заинтересни во разрешување на општествените проблеми генерално. Честопати постои вкрстување во голема мера меѓу општествените истражувања, маркетиншките истражувања и другите статистички полиња.

(Visited 5 times, 1 visits today)