Клајв Веринг, најчудниот случај на состојба на амнезија, којшто се сеќава само на својата сопруга и на музиката

Spread the love

Музичарот Клајв Веринг, којшто по професија е диригент (бил ѝ реномиран музичар вработен во БиБиСи 3), заболел од херпес симплекс енцефалит во 1985, вирусна инфекција која го напаѓа централниот нервен систем.

Клајв Веринг со сопругата.

Поради вирусот, Веринг бил познат како „најтешкиот случај на амнезија што некогаш бил документиран“. Без можност да формира нови сеќавања и ефективно да ги поврзува подолго од 30 секунди во текот на денот откако заболел од вирусот, којшто го напаѓа хипокампусот (делот од мозокот задолжен за пренос на краткорочните сеќавања во долгорочни), Веринг го поминува секој ден постојано убеден дека конечно се разбудил од кома, прашувајќи зошто сè уште не го однеле на лекар за неговата состојба.

При секој разговор, Веринг е способен да одговара на прашања, но не може да го задржи текот на разговорот подолго од неколку реченици. Секогаш кога го прашуваат за неговата моментална ситуација, тој се лути и возбудува бидејќи не е во можност да понуди или да се стекне со објаснување.

Сепак, музиката никогаш ја нема заборавено.

Веринг има многу малку спомени од неговиот живот пред 1985-та. Знае, на пример, дека има деца од претходниот брак, но не може да се сети на нивните имиња.

Неговата љубов кон сопругата Дебора, со којашто е во брак уште пред заболувањето, никогаш не згаснала. Секојпат кога ќе ја види ја поздравува радосно иако ја немало само за момент, притоа верувајќи дека не ја видел со години или дека се запознале неодамна. Кога одат во ресторан да јадат, успева да се присети на името на храната, но не може да ја препознае според вкусот бидејќи заборава што воопшто јаде додека го прави тоа.

Веринг е сè уште жив и има 81 година. Секојдневно води дневници за своите активности за да се потсетува себеси.

(Visited 33 times, 1 visits today)