Според најновите истражувања, канабиноидите се делотворни опции во борбата против болки

Spread the love

Канабисот и растенијата/супстанците слични нему, коишто имаат интеракција со природните канабиноидни рецептори во телото, стануваат сè поостварлива опција во борбата и третманот на болката, се вели во едно најново истражување објавено во журналот Experimental and Clinical Psychopharmacology.

„Во овој момент, во повеќе од 30 сојузни држави постојат правила со коишто се дозволува употреба на медицински канабис; во голем број од нив, состојбата на „сериозна болка“ е еден од критериумите за да се добие пристап до медицински канабис. А сепак, и покрај сè поголемата употреба, научниците сè уште немаат јасни одговори на прашањата за тоа ‘како’ и ‘зошто’ канабиноидите ја ублажуваат болката,“ вели авторот на студијата Хулио А. Јанес, помошник истражувач и добитник на грантот National Research Service Award од Auburn University.

Истражувачите спровеле мета-анализа на едно претходно истражување, во коешто се испитувале промените во интензитетот на болката предизвикани од канабиноиди. Препознале 25 такви студии коишто биле ревидирани од научната јавност и коишто ги исполнувале критериумите. Учествувале вкупно 2.248 учесници.

Во сите тие студии, се правеле споредби меѓу канабисот (во сурова форма), екстракти од канабис или синтетички канабиноиди во улога на плацебо.

Откриле дека администрирањето канабиноиди има поврзаност со намалувањето на болката, додека пак администрирањето плацебо не дало никакви резултати.

„Иако резултатите од нашата мета-анализа сугерираат дека канабиноидите се делотворни опции во борбата со болката, сепак потребни се повеќе истражувања“, изјавува Јанес.

„На пример, последователните резултати од мета-регресијата покажаа дека големината на примерокот што е испитуван за целите на студијата, има поврзаност со забележаното намалување на болката, на таков начин што помалите примероци се поврзани со поголемите ефекти. Поради тоа, потребни се нови големи (односно, доволно поддржани) студии.“

Научниците секој ден сè повеќе дознаваат како канабисот доаѓа во интеракција со мозокот и со ендогениот канабиноиден систем во телото. Но, и покрај тоа, механизмот на канабисот да ја намалува болката е сè уште нејасен.

„Нашата мета-анализа не дава одговори на прашањата ‘како’ и ‘зошто’ канабиноидите се поефективни од плацебото. Таа се занимава со важниот предизвик со кој научниците во ова поле се соочуваат, односно да се открие невробиолошкиот механизам кој помага канабисот да има ефект врз намалувањето на болката“, вели Јанес.

Автори на студијата „Effects of Cannabinoid Administration for Pain: A Meta-Analysis and Meta-Regression“ се Julio A. Yanes, Zach E. McKinnell, Meredith A. Reid, Jessica N. Busler, Jesse S. Michel, Melissa M. Pangelinan, Matthew T. Sutherland, Jared W. Younger, Raul Gonzalez и Jennifer L. Robinson.

(Visited 15 times, 1 visits today)