Како функционираат ушите?

Spread the love

Ова прашања го фасцинирално нобеловецот Георг Фон Бекеси. Тој мактрпно трагал по одговорот на ова прашање преку дисекција на структурите што го сочинуваат внатрешното уво кај цицачите. Таквите структури ги студирал со помош на микроскопи и секвенци на фотографии, како и со мерење на варијациите во електричниот набој во рецепторите.

Благодарение на неговите истражувања, науката се збогатила со нови сознанија за механизмот на слухот, односно за „кохлеата“, којашто е спирална структура со чија помош вибрациите, коишто увото ги прима, се претвораат во невронски сигнали.

Слика: електронска микрофотпграфија со засилени бои од кохлеа на морско прасе. Спиралната структура содржи редици на сензорни клетки, коишто реагираат на различните фреквенции на звукот. Целиот орган на оваа микрофотографија е само неколку милиметри во должина.

(Visited 25 times, 1 visits today)