Митот за високата масленост

Spread the love

Митот дека производите со ниска масленост се подобри за вашата линија од истите производи со висока масленост полека исчезнува.

Можеби звучи контраинтуитивно, но јадењето помалку масти всушност може да придонесе кон поголемо здебелување.

„Консумацијата на масти не предизвикува здебелување“, вели докторот Арон Керол во неговата книга „The Bad Food Bible“ (превод: „Библија на лошата исхрана“). „Напротив,“ вели тој, „може да придонесе кон качување по некое кило“.

Причината за тоа е фактот дека луѓето што прескокнуваат масти (коишто се всушност потребни за телата да ни функционираат правилно) имаат поголема тенденција да се наполнат со храна богата со шеќери и рафинирани јаглехидрати, а тоа со текот на времето може да предизвика значително здебелување. Студиите низ светот на оваа тема, каде што се вклучени луѓе како тест-субјекти, сè повеќе укажуваат на овој факт.

Молекулите на мастите помагаат клетките на нашите тела да бидат здрави, а помагаат и во апсорбцијата на хранливите вредности што се содржат во останатата храна што ја јадеме. Затоа, ако претпочитате масно млеко, воопшто немојте да се чувствувате виновно за тоа.

(Visited 24 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *