Лингвистика, вовед

Spread the love

Лингвистиката е научно студирање на јазикот. Вклучува анализирање на формата и значењето на јазикот и неговата примена во контекст. Најпрвите активности во документирање и опишување на еден јазик, како зачеток на лингвистиката, се припишани на индискиот граматичар од 6 век пред нашата ера, Панини, којшто напишал формален опис на јазикот санскрит во неговото дело Aṣṭādhyāyī.

Традиционално, лингвистите го анализираат човековиот јазик преку набљудување на взаемното дејство на звуците и значењето. Па така, фонетиката претставува студирање на говорните и неговорните звуци и навлегува во нивните акустични артикулаторни својства.

Студирањето на значењето на јазикот од друга страна навлегува во тоа како јазиците ги кодираат врските меѓу ентитетите, својствата и другите аспекти на светот со цел да го пренесат, обработат и дадат значењето во јазикот, но и како се справуваат и ја разрешуваат двосмисленоста.

При студирањето на семантиката обично се занимаваме со условите на вистината, додека во прагматиката се занимаваме со влијанието на ситуацискиот контекст врз добивањето на значењето.

Граматиката е систем на правила со кој се управува со создавањето и користењето на исказите (изразите) во еден јазик. Правилата се однесуваат на звукот, како и на значењето, и вклучуваат составни подзбирови на правила, како тие за фонологијата (формирањето и составувањето зборови) и синтаксата (формирањето и составувањето фрази и реченици). Голем број модерни теории што се занимаваат со принципите на граматиката се засновани врз рамката за генеративна лингвистика на Ноам Чомски.

Во 20-от век, Фердинанд де Сосер прави разлика меѓу поимите јазик и зборување во неговата формулација за структурална лингвистика. Според него, зборување е специфично говорење, додека јазикот се однесува на апстрактниот феномен кој теоретски ги дефинира принципите и системот на правила според кои јазикот се управува. Ова разликување е слично на она дадено од Ноам Чомски за компетенцијата и изведбата во неговата теорија за трансформативна или генеративна граматика. Според Чомски, компетенцијата е вродениот капацитет и потенцијал на поединецот за јазикот (како со јазикот на Сосер), додека изведбата е специфичниот начин на којшто јазикот се користи од поединците, групите и заедниците (односно, говорењето на Сосер).

Студирањето на говорењето, кое се манифестира преку културни дискурси и дијалекти, е поле на социолингвистиката, која е подредена дисциплина на лингвистиката содржана од студирање на комплексниот систем на лингвистички аспекти во рамките на одредена говорна заедница (водена од сопствен збир на граматички правила и закони).

Анализата на дискурсот ги испитува структурите на текстовите и разговорите што произлегуваат од употребата на јазикот во една говорна заедница. Тоа се прави преку собирање лингвистички податоци, или преку формалната дисциплина на корпусна лингвистика. Се случува природно во текстовите и ги студира варијациите на граматичките и други карактеристики засновани врз корпус од податоци.

Стилистиката исто така вклучува студирање на пишаниот или говорениот дискурс низ различни говорни заедници, жанрови и уреднички или наративни формати во медиумите за масовна комуникација. Во 1960-тите, Жак Дерида, на пример, понатаму прави разлика меѓу говорот и пишувањето, со тоа што предлага пишаниот јазик да биде студиран како лингвистички медиум за комуникација сам по себе.

Палеографијата според тоа е дисциплина што ја студира еволуцијата на пишаниот збор во еден јазик (како знаците и симболите). Формалното студирање на јазикот исто така предизвикало раст на други полиња, како психолингвистиката, којашто ги истражува претставувањето и функцијата на јазикот во умот; невролингвистиката, којашто ја студира обработката на јазикот во мозокот; биолингвистиката, којашто ја студира биологијата и еволуцијата на јазикот; и јазичната аквизиција, со којашто се студира како децата и возрасните се стекнуваат со познавања на еден или повеќе јазици.

Лингвистиката исто така се бави и со општествените, културните, историските и политичките фактори што влијаат врз јазикот, низ коишто честопати се одредува линвистичкиот и јазичниот контекст. Истражувањето на јазикот преку подредените гранки на историската и еволутивната лингвистика се фокусира и кон тоа како јазикот се менува и расте, особено преку подолг временски период.

Јазичното документирање ги комбинира антрополошките испитувања (за историјата и културата на јазикот) со лингвистичките со цел да ги опише јазиците и нивните граматики.

Лексикографијата вклучува документирање зборови што формираат вокабулар. Таквото документирање на лингвистичкиот вокабулар во одреден јазик обично се прави со речници.

Калкулативната лингвистика се занимава со статистичкото моделирање на природниот јазик или моделирање врз основа на правила според калкулативно гледиште.

Сродните области ги вклучуваат и дисциплините на семиотика (студирање на директниот и индиректниот јазик преку знаци и симболи), литературна критика (историска и идеолошка анализа на литературата, кинематографијата, уметноста или објавениот материјал), преводот (разговорот и документирањето на значењето на пишаниот/говорениот текст од еден јазик или дијалект на други) и патологијата на говорниот јазик (корективна метода за „лекување“ на фонетскиот хендикеп и дисфункции на когнитивно ниво).

(Visited 83 times, 1 visits today)