Употребата на факти за промовирање превенција на рак на социјалните медиуми е поефективно од употребата на приказни за лични трагедии

Spread the love

Кога се работи за пренесување на пораката за превенција на рак, јасните информации што доаѓаат од организациите што уживаат доверба во општеството, имаат поголем допир на социјалните медиуми отколку личните приказни на пациентите, се вели во едно од најновите истражувања направени на University of California, Davis.

Задачата на истражувачите била да испитаат илјадници пораки на Twitter, со цел да ги препознаат ефектите што ги предизвикуваат типот на испраќач (поединец или организација) и типот на содржина (основни информации и факти или лични приказни). Откриле дека луѓето значително повеќе споделуваат информативни твитови за превенција на рак на цервикс од твитови во коишто се зборува за лични трагедии. Освен тоа, луѓето имале поголема тенденција да споделуваат информации од организации, без разлика на содржината, наместо од поединци.

Наодите се објавени во Preventive Medicine.

Авторот на трудот, Jingwen Zhang, асистент-професор за комуникации на UC Davis, вели дека истражувањето укажува на тоа дека болниците, јавните здравствени организации и другите ентитети со голема репутација имаат моќ многу поефективно да ги искористат социјалните медиуми за темата на превентивна заштита.

„Јавните здравствени организации можат да увидат дека социјалните медиуми се ефективна алатка за подигање на свеста и ширење информации“, рече таа. „Што поедноставна и појасна порака тие испраќаат, толку повеќе луѓето ја споделуваат нивната порака.“

Постои ниска стапка на превенција од рак на цервикс кај пациентите

Иако раното откривање и третман на ракот на цервикс и неговите прекурсори помагаат во намалување на смртноста од рак на цервикс, бројката на луѓе што ги применуваат мерките за превенција е ниска. Само 83% од жените прават превентивни испитувања, а само 43% од девојките на возраст меѓу 13 и 17 години го примаат потребниот број на вакцини за HPV (Human Papillomavirus), вирус којшто всушност предизвикува рак на цевикс, се вели во истражувањето.

Истражувачите нагласуваат дека најголем дел од информациите за превенција на рак на цервикс, жените ги добиваат преку комуникација со нивниот лекар. Но, проблем претставува тоа што голем број од жените воопшто не ни добиваат примарна здравствена заштита, ниту пак имаат каков било редовен извор на здравствена заштита.

Во кампањите за јавното здравје традиционално се користат постерите, веб-страниците и рекламите како начин за пренесување на пораката, но сето тоа досега дало многу ограничени резултати. Повеќе од 4.000 од смртните случаи годишно се поради рак на цервиксот, додека пак секоја година се дијагностицираат околу 13.000 нови случаи на рак на цервикс, велат истражувачите.

Околу 88% од младите користат социјални медиуми, додека кај возрасните таа бројка е 78%. Токму социјалните медиуми може да помогнат за поефективно информирање на луѓето околу превенцијата, вели Zhang.

За да го комплетираат проектот, истражувачите прво се фокусирале на еден архивиран збир на податоци составен од речиси 100.000 твитови каде што се споменуваат клучните зборови и фрази како „HPV вакцинација“, „пап тест“ и „Gardasil“, коешто е комерцијалното име за вообичаената HPV вакцина. Од тие пораки, успеале да изолираат 3.000 најсподелувани твитови. Во 462 твита од тие 3.000 се промовирала превенцијата на рак и биле видливи типот на испраќач (поединец или организација) и типот на содржина (анегдота или факт).

Потоа, истражувачите создале контролирана средина на социјален медиум со помош на анонимна платформа за онлајн дискусии за жени од САД, каде што се дискутирало за ризиците и превенцијата во текот на пет дена во 2017 година. На групите им биле поделени примероци од твитовите што содржеле лични искуства, како на пример твит од жена којашто кажува дека го направила својот прв пап тест, но и твитови со фактички информации од типот „Повеќето случаи на рак на цервиксот може да се спречат со испитувања и HPV вакцинација. Дознајте повеќе за тоа…“.

Резултатите покажале дека иако добрата анегдота предизвикува голем број споделувања, при што еден таков твит бил и најпопуларен, повеќето од најсподелуваните пораки содржеле фактички информации.

„Најчестото откритие беше тоа дека твитовите од организациите што содржат фактички информации имаат поголема веројатност да бидат споделени од личните приказни“, вели Zhang.

„Таквите наоди сугерираат дека е возможно креирање на пораки за превенција на рак на цервикс специфично осмислени за социјалните медиуми, коишто ќе имаат значително поголем допир до корисниците на социјалните медиуми“, заклучи Zhang. „Овие наоди ја поткрепуваат важноста на тоа дека јавноста има поголема доверба во организациите кога се работи за перцепирање на пораката за превенција на рак, отколку во поединците.

„Клучот е во тоа да се подобри кредибилноста на личните приказни и да се осмислат пораки коишто директно ќе ги пренесуваат фактичките информации и ресурсите.“

Другите автори дел од трудот се Gem Le и Dr. Urmimala Sarkar, University of San Francisco, Center for Vulnerable Populations, Division of Internal Medicine; David Larochelle и Damon Centola, University of Pennsylvania Annenberg School for Communication, Филаделфија, Пенсилванија; Rena Pasick, UCSF Diller Family Comprehensive Cancer Center; и Dr. George F. Sawaya, UCSF Department of Obstetrics and Gynecology.

Истражувањето е поддржано од National Cancer Institute (грант бр. R01CA178875).

(Visited 39 times, 1 visits today)