Од каде доаѓа зборот „алгоритам“?

Spread the love

Зборот алгоритам обично се смета за нов збор во светскиот говор. Сигурно го слушате одвреме-навреме во контекст на денешната модерна технологија. Го знаете како „алгоритамот на Facebook“, „алгоритамот на Google“ итн…

Алгоритам е всушност начинот на кој Facebook и Google ги дознаваат вашите интереси, односно дали сакате да гледате вакви или онакви видеа. Или, пак, какви производи сакате да купите, а сето тоа врз основа на вашите внесени зборови во прелистувачите или кликнати реклами на веб-страниците. Потоа масовно ве напаѓаат само со таква содржина.

Технички кажано, алгоритамот е процес од збир на правила за пресметки или други операции за решавање проблеми од страна на компјутерите.

Но, зборот како збор е всушност стар 900 години. Лингвистички кажано, тој е епоним, што значи дека „се користи за именување на нешто според некого“. Во овој случај, доаѓа од името на персискиот математички гениј Мухамед Ибн Муса ал-Кваризми. Но, како кога зборот алгоритам воопшто не се појавува во неговото име?

Ал-Кваризми, роден во регион што денес потпаѓа под Узбекистан. Тој бил еден од истакнатите тогашни интелектуалци во регионот и во Багдад поради неговите придонеси кон математиката, астрономијата, географијата и картографијата.

Тристотини години подоцна, ал-Кваризми станува популарен во Римската Империја откако неговите книги ги преведуваат на латински. Токму поради неговата појава на Западот, се случува револуција со римскиот систем на броеви, по што тие се отфрлаат и се воведуваат арапските и концептот за децимали.

Тука доаѓа и моментот со зборот алгоритам. Неговото име на латински станува Алгоритми, а благодарение на ал-Кваризми, односно Алгоритми, го добиваме и зборот алгебра, којшто преведувачите го пронаоѓаат во една од неговите други книги. Затоа, тој се смета и за таткото на алгебрата.

Математичката револуција што ја предизвикуваат неговите дела го опфаќа целиот Запад, бидејќи сега европјаните сфатиле како сложените математички проблеми можат да ги поделат на многу помали делови (децимали), што помогнало за многу нерешени проблеми од пред тоа.

Како резултат на тоа, во средновековниот латински зборот алгоризмус се користел за означување на децималниот систем. Кон 13-тиот век, тој станува англиски збор откако Џефри Чосер, поет и автор, почнал да го користи.

Но, сè до 19-тиот век, зборот алгоритам воопшто не се однесувал на она што денес го знаеме дека се однесува. Тоа значење го добива дури во првата половина на 20-тиот век, кога Алан Тјуринг, британскиот математичар и компјутерски научник, дошол до идеја како теоретски една машина може да следи алгоритамски упатства и да решава сложени математички проблеми. Со тоа, доаѓа и ерата на компјутерите.

За време на Втората Светска Војна, Тјуринг осмислува машина која користи алгоритми за да го пробие кодот Енигма.

Денес, кога сме длабоко во ерата на компјутерите, зборот алгоритам е сосема вообичаен збор, дури и за оние коишто не ни знаат што е тоа всушност.

Алгоритмите се насекаде. Ни помагаат да стигнеме од точка А до точка Б, им помагаат на пребарувачите да ни ги дадат потребните резултати од пребарувања на интернетот и да ни даваат предлози за нешта што би сакале да ги купиме, гледаме или споделиме.

Овој обичен збор асоциран со името на персиски математичар, ги има сменето нашите животи во секоја смисла.

(Visited 62 times, 1 visits today)