Што е тоа „Светско наследство на УНЕСКО“?

Spread the love

„Светското наследство“ може да биде знаменитост или област, одбрана од УНЕСКО, која има културна, историска, научна или друга форма на значење. Тоа значи дека е и правно заштитена со меѓународни спогодби.

Наследствата се одредуваат според важноста што тие ја имаат за колективните интереси на човештвото. За нешто да биде избрано како „Светско наследство“, веќе мора да е класифицирано како знаменитост, да биде уникатно во географска и историска смисла, односно да се идентификува како место коешто има посебна културна и физичка значајност.

На пример, такво е Охридското езеро, но како наследство може да се прогласи и некоја древна урнатина, историска структура, зграда, град, комплекс, пустина, шума, остров, монумент, планина или област со див свет итн.

Генерално, за светски наследства се бираат нештата што означуваат некакво значајно постигнување за човештвото или можеби се доказ за човековата интелектуална историја на планетата (со исклучок на природните богатства создадени по природен пат).

(Visited 10 times, 1 visits today)