Марија Кири, првата личност со две Нобелови награди, но и забрана да се образува

Spread the love

Марија Кири е првата жена која добила Нобелова награда, првата личност што ја добила двапати, но и единствената што добила Нобелова награда во две различни научни полиња.

И покрај тоа, таа не добила законска дозвола да посетува настава на факултет. Поради тоа, таа била принудена да се образува тајно и незаконски, посетувајќи ја наставата на тајната организација т.н. „Flying University“.

Поголемиот дел од светот не ни има поим дека и потомците на Марија Кири се успешни научници или нобеловци. Конкретно, нејзината ќерка Ирена Жолио-Кири има добиено Нобелова награда во полето на хемијата во 1935. Наградата ја добила за нејзиното откритие на вештачката радиоактивност.

Нејзината втора ќерка, Ева Кири, работеше за UNICEF токму во времето кога организацијата ја прими Нобеловата награда за мир. Ева Кири е почината во 2007 год. во својата 103-та година од животот.

Правнуците пак, Хелен Ланжеви-Жолио и Пјер Жолио-Кири, обајцата се еминентни научници од висок профил. Хелен е нуклеарен физичар, професор по нуклеарна физика на Универзитетот на Парис, член на советодавниот комитет на француската влада и куп други работи. Позната е и како активист за мотивација на жените активно да се бават со научни полиња.

Братот Пјер е биолог и истражувач во CNRS, советник на францускиот премиер во 1985/86, професор, поранешен директор за истражувања во CNRS, член на Academia Europæa и носител на две великодостојни француски титули.

Во случај ако некому му беа потребни личности за пример…

(Visited 13 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *