Сер Франсис Бејкен (1561–1626)

Spread the love

Како многумина други од негов калибар во тоа време, и Сер Франсис Бејкен бил „мајстор за сè“ — работел како адвокат, државник и филозоф. Од сите тие професии, токму како филозоф и се прославил: останал запаметен како таткото на „научниот метод“.

Иако сите тие негови постигнувања се слават на големо во книгите, обично нема да наидете на ниедна книга каде што се кажува фактот дека тој всушност бил, најверојатно, хомосексуалец.

Сер Франсис Бејкен (1561–1626)

Познато е дека повеќе од десетина од 75-те прислужници во неговиот огромен дом добивале широкогради подароци и имале важни средби со него — според пронајдените писма што си ги испраќале мајка му на Бејкен и неговиот брат, се откриваат сугестии дека повеќето од тие мажи имале многу „позначајна“ улога во неговиот живот, а не само одржување на неговиот дом.

Еден од тие млади мажи кон кои Бејкен имал особени симпатии, Сер Тоби Метју, станал најблискиот и најдоверлив негов пријател. Сер Тоби всушност бил и инспирацијата за еден од најпознатите есеи на Бејкен насловен „За пријателството“.

Сепак, да не бил Сер Френсис Бејкен толку брилијантен во неговите дела, денес ќе имавме многу помрачни и бесперспективни сфаќања за универзумот. Трите главни придонеси што Бејкен ги направил за светот се во три главни полиња се:

  • науката
    (неговите идеи вовеле универзална реформа на знаењето во научна методологија и подобрување на состојбата на човештвото со помош на научни методи)
  • религијата и литературата
    (каде што ги претставил свбите морални филозофски и теолошки размислувања)
  • правото
    (каде што предлагал реформи во англискиот правен систем)
(Visited 10 times, 1 visits today)