Историјата на колбасите

Spread the love

Историјата на колбасите започнува пред околу 5.000 години уште во Сумерија (модерен Ирак).

До 900-та година пред нашата ера, колбасите веќе го имале статусот што денес го имаат пуканките кога гледаме филмови. Поточно, древните Грци конзумирале колбаси исто како ние пуканки денес додека гледале театарски претстави, каде што препродавачите на колбаси се врткале меѓу редовите со гледачи исто како што денес тоа го прават семкарите на фудбалските стадиони.

Во 320 год. по нашата ера, римскиот Император Константин Први и Католичката црква го забраниле јадењето колбаси поради директните врски со пагански фестивали! Поради тоа, колбасите станале омилено „андерграунд“ јадење сè до укинувањето на забраната.

Пред 900 години, колбасите повторно биле на мета. Императорот Лав Петти прогласил дека тие што произведуваат колбаси ќе бидат „немилосрдно камшикувани и засекогаш протерани од царството“. Не е познато што всушност направиле производителите на колбаси за да добијат таква закана.

Првиот пат кога колбасите всушност почнале да се произведуваат во поединечни парчиња како денес, а не како едно огромно долго црево, било за времето на Чарлс Први.

Наводно, и легендарниот друмски арамија Дик Турпин тајно бил познат и како касап, којшто правел колбаси од најфините меса во пределот на шумата Еппинг.

За време на Втората Светска Војна, англичаните го користеле зборот „бенгери“ за колбасите, поради звукот на експлозија што го произведувале кога ќе се распукаат при готвењето!

Хенри Петтиот, пак, изјавил: „Војна без оган е како колбас без сенф“.

Во минатото во Британската Империја, неколку производители на колбаси добиле дури и кралско покровителство за да прават колбаси, а еден производител, Musk’s, основан во 1885, имал и лично покровителство од Кралицата на Британија. Првично, тој го снабдувал кралот Џорџ Петтиот, а подоцна и Кралицата Елизабета, позната како „Мајката Кралица“, така што кралското покровителство на Musk’s станало интегрален дел од наследството и маркетингот на самата компанија до денешен ден.

(Visited 12 times, 1 visits today)