3 интересни иновации од ренесансата

Spread the love

Уметност

Ако не обожавате уметнички дела што даваат чувство на длабочина, реализам, перспектива (различни гледни точки) и дека нештата во сликата се движат, тогаш сигурно повеќе ви се допаѓа апстрактната или средновековната уметност. Во спротивно, ренесансната уметност е повеќе за вас.

ренесанса уметност

Уметноста создавана пред појавата на Ренесансата имала многу малку длабочина, чувство за насока и паѓање на светлината, но и речиси никаква перспектива. Но, сиот тој напредок што се случил во математиката и науката за време на 15. век, имал огромно влијание и врз уметноста, што потоа следствено предизвикало многу важни подобрувања на стиловите на сликање.

Вајарството, архитектурата, сликањето, цртањето и печатење, сите овие полиња доживеале неверојатен напредок благодарение на Ренесансата. На пример, платна за сликање биле првпат воведени за време на овој период, додека пред тоа обично се сликало на дрво.

Наука

Колкупати сте морале да користите термометар во животот? Сигурно безброј. Но, замислете колку поразличен би ви бил животот без овој изум. Како би знаеле колку ви е загреана рерната, колкава е температурата на воздухот во лето или во зима, или пак колку висока температура имате кога сте болни?

ренесанса галилео
Галилео Галилеј

Добро, за некои работи и не треба толку многу да користиме термометар, меѓутоа ја сфаќате поентата.

Првиот најпримитивен термометар, којшто всушност бил термоскоп (во суштина мерач на температурата без скала) бил создаден од Галилео во 1593. Таквата алатката со текот на времето еволуирала во термометар, по што полека си ја пронашла својата намена во разно-разни индустрии. Тоа било ненормално голем придонес за подобрување на многу индустриски процеси.

Првиот вистински термометар всушност бил измислен четири децении подоцна во 1638 од Роберт Флад. Бил составен од вертикална цевка со воздух и како што воздухот се собирал или ширел, така водата во направата се движела за да ја покажува температурата.

Модерна цивилизација

Денес сакаме да му се заблагодариме на Сер Џон Харингтон, човекот што не спасил од празнење на мочниот меур, цревата, а богами и на желудникот (да, повраќање) во обична дупка на земја, нужник или специјална просторија со обична дупка на подот (како во некои делови од светот во минатото).

Сер Џон Харингтон е човекот што го измислил првиот механизам за одведување фекалии со пуштање вода во 1591. Како и со многу други идеи за модерен живот и овој изум бил измислен во добата на Ренесансата. Оттогаш, луѓето можеле безгрижно да ги праќаат своите фекалии на сосема друга локација, подалеку од дома… да не боде очи и нос, не за друго.

Инаку, иако на кралицата ѝ се допаднал изумот, требало да поминат уште неколку стотина години за тој навистина да се примени во домаќинствата.

(Visited 78 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *