Како изгледал Australopithecus afarensis

Spread the love

На сликата подолу можете да забележите уметничка интерпретација на Australopithecus afarensis.

Australopithecus afarensis

Согласно палеонтолошките и археолошките докази, знаеме дека видот Australopithecus има еволуирано во источните делови на Африка пред повеќе од 4 милиони години, каде што бил доста раширен, но и дека некаде пред 2 милиони години, тој едноставно изумрел.

Видот Australopithecus има одиграно значајна улога во човековата еволуција. Од него е произлезен видот Homo во одреден период пред 3 милиони години. Освен тоа, Australopithecus е првиот хоминид што поседува одредени гени, познати како удвоени SRGAP2, коишто се заслужни за достапноста на невроните во мозокот, но и за нивната поголема активност и растојание што го изминуваат во мозокот.

Така, една од варијациите на Australopithecus во Африка еволуирала во видот Homo пред околу 2 милиони години (пр. Homo habilis), а подоцнежно и во модерниот човек, H. sapiens sapiens.

(Visited 9 times, 1 visits today)