Антропологија, потеклото и развојот на науката и името

Spread the love

Антропологијата претставува научно студирање на луѓето и однесувањето на луѓето, но и студирање на минатите и сегашните општества. Постојат неколку подгранки на антропологијата, а секоја од тие гранки служи за студирање на различни аспекти.

Социјалната антропологија, на пример, ги студира шаблоните на однесувањето на луѓето, додека културолошката антропологија го студира значењето на културата, вклучувајќи значењето на нормите и вредностите. Лингвистичката антропологија го студира влијанието на јазикот врз општествениот живот, а биолошката антропологија го студира биолошкиот развој на луѓето.

Интересно е што археологијата, којашто служи за студирање на активностите на луѓето преку испитување на физички докази, во САД и Канада се смета за гранка на антропологијата, додека во Европа се смета за самостојна дисциплина или дел од други поврзани дисциплини, како историјата.

Потекло и развој на терминот „антропологија“

Именката антропологија првпат се среќава во поврзаност со терминот историја. За првпат се користи во ренесансна Германија во делата на Магнуст Хунт и Ото Касман. Нивната новолатинска верзија на зборот anthropologia доаѓа од комбинирање на грчките зборови ánthrōpos (човек, човечки) и lógos (студирање, изучување). Како придавка, зборот првпат се појавува во делата на Аристотел, додека во англискиот почнува да се користи, најверојатно, преку францускиот збор Anthropologie на почетокот на 18-тиот век.

За основач на модерната антропологија се смета Бернардино де Шагун (види слика горе), францискански монах, роден 1499, а починат на 23 октомври 1590 година).

Антропологијата до 19-тиот век

Во 1647, бартолинците, како што се нарекуваат основачите на Универзитетот Копенхаген, антропологијата ја дефинирале на следниов начин:

Антропологија, потеклото и развојот на науката и името
Етиен Сере

Спорадична употреба на терминот за некои од тематиките што ги обработува антропологијата се појавува подоцна, како во случајот на Етиен Сере во 1839, за да ја опише природната историја, односно палеонтологијата на човекот, врз основа на компаративна анатомија. Терминот се појавува и во случајот кога се создавал оддел за антропологија и етнографија во 1850 при Националниот музеј на природна историја во Франција од страна на Жан Луи Арман де Кватрефаж де Бру. Во тоа време се основани и други разни и краткотрајни организации на антрополози.

Во 1842 година е основано и Ентолошкото општество на Њујорк, моментално наречено Американско етнолошки општество, а во 1843 година Етнолошкото општество на Лондон. Овие тогашни антрополози биле либерални лица, противници на робовладетелството и активисти за правата на луѓето.

Антропологијата и голем број други моментални полиња поврзани со неа се интелектуален резултат на компаративните методи развиени во раниот 19 век. Теоретичарите во таквите разни полиња, како што се анатомијата, лингвистиката и етнологијата, каде што се споредуваат разните карактеристики на предметите на истражување, започнале да се сомневаат дека сличностите меѓу животните, јазиците и размислувањата на луѓето, се резултат на посебни процеси или закони, ним непознати тогаш. Затоа, објавувањето на „Потеклото на видовите“ од Чарлс Дарвин за нив било како еден вид кулминација на сето она во коешто дотогаш веќе и се сомневале.

По откривањето на еволуцијата во доцните 1850-ти, таа станува дел од социјалните науки. Пол Брока, основач на разни експлицитно антрополошки општества во Париз, бил заљубен во концептот за еволуцијата, а антропологијата ја дефинира како „изучување на човекот и човештвото како целина, во детали и во поврзаност со остатокот од природата“.

Пол Брока

Брока, којшто своевремено практично бил „неврохирург“, имал особен интерес за патологијата на говорот. Во обид да ја локализира разликата меѓу човекот и другите животни, којашто била евидентна преку говорот, тој ги открил центрите за говор во човековиот мозок, регионот од мозокот што денес се нарекува „центар Брока“. Неговиот интерес главно бил во биолошката антропологија.

Еден германски филозоф што специјализирал во психологија, пак, Теодор Вајц, во своите шест тома насловени како „Антропологијата на примитивните луѓе“, 1859-1864 година, ја обработувал темата на општа и социјална антропологија. Последните негови два тома се објавени постхумно.

Вајц ја дефинирал антропологијата како „наука за природниот човек“. Следејќи го Брока, Вајц посочува дека антропологијата претставува едно ново поле за собирање материјали од другите полиња. Но, според него таа се разликува од другите полиња според употребата на нештата, како компаративната анатомија, физиологијата и психологијата, со цел да се направи разлика меѓу човекот и „животните што се нему најблиски“.

Вајц нагласува дека податоците од споредбите мора да бидат емпириски и собрани преку експериментирање. Притоа, во споредувањето, тој вели дека мора да се применат историјата на цивилизацијата, како и етнологијата и фундаментално да се претпоставува дека видовите на човекот се во унија и дека „истите закони на размислување се применуваат кај сите луѓе“.

Вајц бил влијателен меѓу британските етнолози. Во 1863 година, истражувачот Ричард Френсис Бартон и терапевтот за говор Џејмс Хант, го основале Антрополошкото општество на Лондон, коешто понатаму требало да ја следи патеката на новата наука, а не на етнологијата. Тоа било само второто општество посветено на општата антропологија во тоа време.

Потоа, следело формирање на слични организации и во останатите земји: Антрополошкото општество на Мадрид во 1865 година, Американската антрополошка асоцијација во 1902 година, Антрополошкото општество на Виена во 1870 година, Италијанското општество за антропологија и етнологија во 1871 година, но и многу други. Поголемиот број од нив биле поборници на концептот за еволуцијата.

Еден исклучок од тоа било Берлинското општество за антропологија, етнологија и праисторија, основано во 1869 година од Рудолф Вирхов, коешто било познато по подбивните и вулгарни напади врз поборниците на еволуцијата. Иако Вирхов не бил религиозен, тој инсистирал дека на заклучоците на Дарвин им недостигала емпириска основа.

Антропологијата во 20 и 21 век

Антропологијата доживеала големо проширување во 20 век, при што повеќето светски високообразовни институции формирале свој оддел за антропологија. Антропологијата доживеала и диверзификација и се појавиле повеќе главни поделби. Се појавила и практичната антропологија, односно употребата на антрополошкото знаење и техника за решавање специфични проблеми. На пример, форензичките археолози почнале да се занимаваат со рекреации на околностите под кои ископаните тела во архолошките истражувања завршиле таму.

Со текот на времето, антропологијата се раширила глобално. Се појавил и Светскиот совет на антрополошки асоцијации (WCAA), којшто претставувал „мрежа од национални, регионални и меѓународни асоцијации, коишто целеле кон промовирање на светската комуникација и соработка во поглед на антропологијата“, а моментално го сочинуваат членови од над 30 различни нации.

Франц Боас

Уште со делата на Франц Боас и Бранислав Малиновски во доцниот 19 век и раниот 20 век, социјалната антропологија во Велика Британија и културолошката антропологија во САД почнале да се разликуваат од другите социјални науки во нагласувањето на вкрстените-културолошки споредби, долгорочните длабоки испитувања на контекстот и важноста што се поставува врз опсервациите или искуственото навлегување во областа на истражување.

Културолошката антропологија особено го нагласувала културолошкиот релативизам, холизам и употребата на наодите за врамување на културолошките критики. Ова особено било проминентно во САД преку аргументите на Боас против расната идеологија од 19 век, преку поборништовото на Маргарет Мид за еднаквост на родовите и секусална слобода, па сè до моменталните критики на пост-колонијалната опресија и промоција на мултикултурализам. Етнографијата е еден од примарните истражувачки дизајни.

Во Велика Британија и земјите од Комовелтот, тенденција да доминира има социјалната антропологија. Во САД, пак, антропологијата традиционално е поделена на четири полиња на пристап развиени од Франц Боас во раниот 20-ти век:

  • биолошка или физичка антрополоција
  • социјална антропологија
  • културолошка антропологија
  • социокултуролошка антропологија

На тоа може да се придодадат и археологијата и антрополошката лингвистика. Овие полиња честопати се поклопуваат, но имаат тенденција за поразлични методологии и техники.

Европските земји со прекуокеански колонии имаат тенденција да практикуваат повеќе етнологија (термин измислен и дефиниран од Адам Ф. Колар во 1783 година). Во деловите од светот влијаени од европската традиција, етнологијата понекогаш се нарекува и социокултуролошка антропологија.

(Visited 91 times, 1 visits today)