Што е хемија?

Spread the love

Хемијата е научна дисциплина која се занимава со елементите и соединенијата, кои пак се сочинети од атоми, молекули и јони. Поточно, хемијата се занимава со нивниот состав, структура, својства, однесување и промени кога се подложуваат на реакција со други супстанци.

Според опсегот на тематика, хемијата зазема непосредна позиција меѓу физиката и биологијата. Понекогаш се нарекува и централна наука бидејќи ви ги овозможува темелите во разбирањето на основните и применети научни дисциплини на најфундаментално ниво.

На пример, хемијата ги објаснува хемиските аспекти на растенијата (ботаника), формирањето на вулканските карпи (геологија), како се формира атмосферскиот озон и како загадувачите на животната средина се разградуваат (екологија), својствата на почвата на месечината (астрофизика), како лековите функционираат (фармакологија) и како да се земе примерок од ДНК на местото на злосторството (форензика).

Хемијата се занимава со разни теми. Една од тие теми е интеракцијата на атомите и молекулите, односно хемиските врски што тие ги формираат за да создадат. Па така, благодарение на хемијата знаеме дека постојат четири типа на хемиски врски:

  • ковалентни, каде што соединијата делат еден или повеќе електрони
  • јонски, каде што едно соединение дава еден или повеќе електрони на друго соединение за да се прозведат јони (катјони и анјони)
  • хидрогенски и
  • врски на Ван Дер Валови сили
(Visited 15 times, 1 visits today)