Мистеријата за џиновското „око“ во Мавританија, Африка

Spread the love

Структурата Ришат, позната и како Окото на Сахара, или Синото око на Африка, е проминентна геолошка кружна појава во пустината Сахара во Мавританија. Има пречник од 40 километри и сосема е видлива од вселената (сликата горе е од Google Earth).

Првично (1952) е сметана за последица од удар на астероид, поради големиот степен на кружност, но таа теорија е отфрлена поради недостаток од докази за метаморфоза предизвикана од удар. Неколкупати низ децениите се правени испитувања за оваа теорија, а во 2005 и 2008 се најпоследните конклузивни докази дека нема остатоци од астероид.

Другата тоерија е дека формата е предизвикана од вулканска ерупција. Со геолошките тестирања на карпите и почвата, утврдено е дека тие се создадени пред околу 100 милиони години, а сепак пронајдени се и вулкански камења.

Генерално, во геолошката заедница сега е прифатена теоријата дека Ришат била високосиметрична геолошка структура во форма на купола, која целосно се срушила и целосно еродирала. Тоа значи дека многумина ја замислуваат едноставно како структура од издигнати карпи во форма на голема полутопка, обликувана од милиони години на ерозија. Примери за чудни структури од еродирани карпи има во многу земји, па и во Македонија (пр. Куклица).

Но, фактот што концентричните прстени се речиси совршени и еднакво оддалечени од центарот, нешто што во природата е невообичаено, прават структурата Ришат сè уште да биде мистерија.

Мистеријата за џиновското „око“ во Мавританија, Африка, google earth
Google Еarth

Нормално, со толку многу неодговорени прашања, неизбежно е да постојат и теории поттикнати од митови. Така, некои луѓе почнуваат да се вчудоневидуваат од сличноста на Ришат со сликата за Атлантида направена од Платон.

Мистеријата-за-џиновското-„око“-во-Мавританија-Африка-платон
Атлантида од Платон

Според Платон, Атлантида била кружен остров, поделен на концентрични кругови од земја и вода: „Тоа беа два круга земја и три круга вода… Кога Атлантида потона поради земјотресот, таа стана невозможна бариера од кал за патниците што доаѓаа од сите страни преку океанот…“

Тој зборува и за издигнатина на северот што го штитела градот (види слика доле), како и голема рамница на југот. На древен грчки Атлантида значи Ἀτλαντὶς νῆσος, (Atlantis nesos), во превод „островот Атлантис“, но со оглед дека Атлантида е само обичен мит, теоријата е интересна само од романтичарски побуди.

Мистеријата-за-џиновското-„око“-во-Мавританија-Африка-топографска-мапа
Топографска реконструкција (размер 6:1 на вертикалната оска) од сателитски фотографии. Бојата е додадена за да означува:
• кафена: карпесто тло
• жолта/бела: песок
• зелена: вегетација
• сина: седименти на соли

Окото на Африка првпат е откриено во 1930-тите или 1940-тите. Жак Ришар-Молар велел во 1948 дека е последица на лаколитско издигнување. Тоа се случува кога инвазивен (лаколитен) слој ќе се вбризга меѓу два слоја на седиментарни карпи, како во случајот на магма, па така горниот слој се издигнува нагоре, а инвазивниот слој добива форма на купола. Со текот на времето, од ерозијата се создаваат интересни форми, во овој случај „совршени“ кругови, пресовршени за природата.

Мистеријата-за-џиновското-„око“-во-Мавританија-Африка-Лаколит-слој
Едноставна илустрација како лаколитот може да притисне во куполна форма.

Со археолошките наоди околу Ришат откриени се ашелски артефакти и извори на материјали од коишто биле создадени артефактите (кварцит). Пронајдени се и неолитски врвови од копја, но сето тоа е надвор од рамките на Ришат, а ништо од човечко потекло не е пронајдено на површината на самото око.

(Visited 22 times, 1 visits today)