Едвард Телер, таткото на хидрогенската бомба

Spread the love

Едвард Телер (1908-2003) е унгарско-американски теоретски физичар популарно познат како „таткото на хидрогенската бомба“. Колку што е познат по неговите научни способности, толку е познат и по избувливот карактер и огромните тешкотии да се поврзе со луѓето на лично ниво.

Има направено огромни придонеси за нуклеарната и молекуларната физика, спектроскопијата и површинската физика (*проучувањето на физичките и хемиските феномени што се појавуваат при интеракцијата на фазите).

Едвард Телер, таткото на хидрогенската бомба

Телер бил и еден од првите членови на „Проектот Менхетен“, чија задача била создавањето на првата атомска бомба. Не е потписник на петицијата со која се барало атомската бомба да не се фрла врз населени градови (Хирошима и Нагасаки), но подоцна, откако бомбата ја детонираат, тој признава дека требало да ја потпише.

Доста е осудуван од научната фела и поради неговиот конфликт и негативното сведочење за Опенхајмер да не добие дозвола за Проектот Менхетен, со кого имал несогласувања во врска со фисијата и фузијата.

(Visited 15 times, 1 visits today)