Дефиниција за физиката

Spread the love

Физиката е една од најстарите академски дисциплини, а преку инклузијата на астрономијата, можеби и дефинитивно најстарата.

Физиката (ант.грчки: φυσική (ἐπιστήμη)) е природна наука со која се проучува материјата и нејзиното движење и однесување низ просторот и времето, но и енергијата и силата со коишто таа го прави тоа. Со други зборови, нејзината цел е да разбере како универзумот се однесува.

Физиката е една од најфундаменталните научни дисциплини, без која не би имале речиси ништо од денешната технологија.

Напредокот што постојано се случува во физиката е најчестиот двигател на новите технологии. На пример, директен причинител за развојот на технологиите што драматично го трансформираа и сè уште го трансформираат модерното општество (како телевизијата, компјутерите, домашните уреди и нуклеарните оружја) е сè поголемото разбирање на електромагнетизмот, на физиката на цврсти состојби и на нуклеарната физика.

Напредокот во термодинамиката, пак, е причинител за развојот на индустријализацијата, а благодарение на сознанијата од полето на механиката, денес имаме развиен „калкулус“ (*нестандарден збор во мак. јазик кој ја означува „унијата на диференцијалното и интегралното сметање“).

Физиката, хемијата, биологијата и одредени гранки на математиката се сметале за дел од природната филозофија голем дел од последните два милениума. Но, благодарение на Научната револуција од 17-от век, овие природни науки се издвоиле како засебни полиња.

И покрај тоа, физиката секогаш ќе има огромни допирни точки со многу интердисциплинарни полиња на истражување, како биофизиката и квантната хемија. Границите на физиката и онака не се така строго дефинирани.

На пример, новите идеи во физиката честопати го олеснуваат објаснувањето на фундаменталните механизми што се проучуваат во останатите науки. Не само тоа, благодарение на тие идеи, постојано добиваме нови патишта на истражување во академските дисциплини, како што се математиката и филозофијата.

(Visited 10 times, 1 visits today)