Принципот на „временска дилатација“

Spread the love

Принципот на „временска дилатација“ (издолжување или забавување на времето) можете да го сретнете во „Теоријата за релативноста“ и укажува на тоа дека постои разлика во времето што минува за двајца различни набљудувачи. Тоа значи дека времето за астронаутите што се наоѓаат во вселената изминува поразлично од тоа за нас, коишто времето го набљудуваме од планетата Земја. Поточно, се појавува загуба од околу 1 секунда секоја седмица.

Таквата дилатација е предизвикана од комбинација од повеќе фактори, како ротацијата на Земјата, нејзиното орбитирање околу Сонцето и движењата на соларниот систем околу Млечниот пат. Заедно, сето тоа предизвикува различното изминување на времето.

Иако дилатацијата од 1 секунда седмично звучи како прилично ситна бројка, кога ќе се собере низ животот на еден човек, тоа значи загуба од речиси 1 минута на годишно ниво или 8,5 минути на секои десет години.

(Visited 34 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *