Генетска меморија

Spread the love

Генетиката како наука е сè уште во развој, но и покрај тоа, генетичарите имаат доста интересни теории за еволуцијата на луѓето.

Па така, постои теорија дека можеби спомените на нашите предци ни се пренесени преку ДНК, односно генетскиот материјал. Според некои научници, тоа може да е едно од објаснувањата зошто некои луѓе знаат одредени работи за коишто никогаш не учеле.

Инстинкти

Според таа теорија, сосема е можно е нашите најосновни инстинкти за преживување да се наследени преку ДНК, во којашто е врежана некаква траума од некој наш предок.

Инстинктите може да се сметаат и како видови на спомени, коишто се пренесени генетски. Тие помагаат во обликувањето на мозокот на одреден начин, така што секој инстинкт може да се смета за едноставна форма на генетска меморија.

За тоа да се случи, промената во генетскиот материјал треба биде влијаена од таквиот спомен, а таа промена треба да биде таква што ќе може да се манифестира и во генетскиот материјал на потомокот. Секако, таквиот спомен треба да бил доживеан пред зачнувањето на детето за тој да се пренесе.

Лабораториски експерименти

Овој феномен е забележан кај глодари и лабораториски глувци во експерименти каде што глувците стекнуваат одредена вештина (како активирање на механизам за да добијат храна, или навигирање низ лавиринт). Потоа, забележано е како таа вештина е пренесена на следната генерација само преку размножување.

лабораториски глувци

Следната генерација потоа многу полесно ја учи „финтата“ што претходната генерација веќе ја знаела. Според тоа, возможно е сите ние да имаме одредени спомени во нашиот генетски материјал од нашите предци без воопшто да сме свесни за тоа.

Траума, фобии, нарушувања…

Постои можност генетската меморија да е поврзана и со меѓугенерациска траума предизвикана од историска опресија. Ако траумата што сте ја преживеале е навистина сериозна, таа може да влијае врз вашиот генетски материјал, а зависно од состојбата во којашто се наоѓа вашето тело, биолошки гледано возможно е спомените од таквата траума да се пренесат на потомок.

Можно е спомените да се пренесуваат и низ повеќе генерации преку ДНК, што пак може да е основната причина зошто некои луѓе имаат некаква нерационална фобија, иако немале никаква траума која би ја предизвикала фобијата.

Истражувањата кои потврдуваат дека истренираните глувци можат да ги пренесат научените информации за трауматично и стресно искуство на следните генерации исто така може да дадат објаснување за фобиите. Па така, кога некој се плаши од пајаци без некоја посебна причина (односно без причинска траума), тоа може да е само одбранбен механизам наследен од некој предок којшто имал трауматично искуство поврзано со пајак или пајаци.

Ако ваквите теории во иднина се докажат како 100% точни, тоа може да помогне во објаснувањето, ако не и третирањето на разни нарушувања, како што се фобиите, анксиозноста, пост-трауматичниот стрес.

Тоа исто така може да објасни зошто некои луѓе имаат талент за нешто без воопшто да учат за тоа или да го вежбаат, како решавањето проблеми, цртањето, свирењето итн. Сосема е можно таквиот талент да е пренесен преку ДНК во форма на генетска меморија.

Извори: Berkeley University of California, Harvard Medical School, University of Toronto, Swansea University

(Visited 6 times, 1 visits today)