Микрофосили на бактерии стари 4,28 милијарди години

Spread the love

Животот на земјата за првпат се појавил пред 4,28 милијарди години, веднаш по формирањето на океаните пред 4,41 милијарди години и формирањето на самата планета пред 4,54 милијарди години.

Овие приближни бројки се добиени по пронаоѓањето на микрофосили на бактерии околу хидротермалните вентилации на дното од океаните, коишто денес се сметаат за најпрвата форма на живот.

Истражувачите генерално сметаат дека моменталниот живот на земјата потекнува од периодот на „RNA хипотетичката фаза на еволуционата историја на живот на Земјата“. Во таа фаза, самореплицирачките RNA-молекули се размножувале далеку пред да еволуираат DNA-формите и протеините.

Но, не е сосема познато дали животот заснован врз RNA бил и најпрвата форма на живот воопшто.

Класичниот Милер-Уреј експеримент од 1952 година, но и сличните нему истражувања, демонистрирале дека повеќето аминокиселини, коишто претставуваат хемиски составни елементи на протеините во сите живи организми, може да се синтетизираат и од неоргански соединенија во соодветни услови.

Голем број сложени органски молекули може да се најдат низ целиот Сончев систем и во меѓуѕвездениот простор, а токму тие молекули се можеби материјалот што помогнал да отпочне развојот на животот на Земјата.

Паралелно на тоа, постои и теорија наречена Панспермија, според која животот на Земјата е поттикнат од биолошка материја донесена од вселената преку вселенска прашина или метеорити.

(На сликата е прикажана халобактерија, којашто обично се наоѓа во екстремни животни средини, како хидротермалните вентилации.)

(Visited 26 times, 1 visits today)