Трите домени во биологијата

Spread the love

Во биолошката таксономска класификација, „животот“ е највисоката класификација, којшто потоа се дели на „домени“. Според Карл Воуз, американски микробиолог и биофизичар, постојат три различни домена:

1. Домен на археи = едноклеточни организми, односно прокариоти и немаат клеточно јадро. Порано ги сметале за бактерии, но тоа е побиено. Археите живеат во различни хабитати и претставуваат околу 20% од микробните клетки во океаните. Некои археи живеат и во екстремни температури, како гејзери.

2. Домен на бактерии = типични биолошки клетки, едни од најпрвите организми што се појавиле на Земјата; бактерии досега се пронајдени насекаде низ планетата: во почви, вода, кисели врели извори, радиоактивен отпад и во длабоката биосфера на земјината кора. Бактериите исто така живеат во симбиотски и паразитски однос со растенијата и животните. Повеќето бактерии на светот сè уште не се карактеризирани.

3. Домен на еукариоти = организми чиишто клетки имаат јадро опкружено од мембрана, за разлика од прокариотите (бактериите и археите). Најпознати видови на еукариоти се животните (меѓу кои и луѓето) и растенијата. Еукариотите всушност претставуваат само мал дел од сите живи нешта, но поради нивната големина, колективната биомаса на еукариотите е проценета како еднаква на биомасата кога ќе се соберат сите прокариоти на Земјата. Еукариотите еволуирале пред речиси 1,6 до 2,1 милијарди години во Протерозојската ера.

Овој систем на три домена не ги вклучува формите на неклеточен живот. Од 2011 година во научната фела се разговара дали да се вклучи и четврти домен во системот составен од крупни јадрено-цитоплазматични вирус што содржат ДНК, за што има и истражувања од 2012 година.

Стефан Лукета од Универзитетот на Нови Сад пак предлага и петти домен, каде што ќе бидат вклучени прионите (аклеточни и без нуклеинска киселина) и виробиотите (аклеточни и со нуклеинска киселина).

(Visited 24 times, 1 visits today)