Како скакулците слушаат звуци?

Spread the love

За разлика од луѓето, скакулците немаат уши на главата, туку на нивниот абдомен. Механизмот на нивното сетило за слух се состои од мембрана, наречена „тимпанум“ (односно „тимпан“ или „тимпанон“). Еквивалент кај луѓето на тимпанумот е ушното тапанче.

Кај возрасните скакулци, тимпанумот е покриен и заштитен со крилјата. Функционира така што создава вибрации кога скакулецот прима звучни сигнали.

Кога женките ги слушаат повиците на мажјаците, тие можат да откријат колку е голем мажјакот според висината на тонот на повикот (големите мажјаци прават подлабоки звуци).

Мажјаците, пак, така дознаваат дали нивниот потенцијален ривал за некоја женка е поголем. Таквите информации ги користат за одлучат дали треба да избегнат борба со поголемиот ривал, или пак дали можат да го избркаат евентуално помалиот ривал.

(Visited 18 times, 1 visits today)