Октоподите имаат три срца, девет мозоци и сина крв

Spread the love

Две од срцата работат исклучиво за пумпање крв до жабрите, а едно служи за одржување на циркулацијата на крвта низ органите.

Има еден главен мозок, којшто служи за обработка на сите анализи и одлуки што животното треба да ги прави, и осум помошни мозоци, по еден за секој од краците. Помошните мозоци служат за повторна обработка на сите информации што краците ги добиваат од главниот мозок.

Имаат ДНК којашто научниците не можат да ја поврзат со ниту едно живо суштество на планетата, затоа не е ни чудо што ги викаат „вонземјани“ на Земјата.

Кога октоподот плива, срцето што ги снабдува органите со крв престанува да работи, поради што повеќе претпочитаат да се движат по дното со помош на краците. Со други зборови, пливањето ги истоштува.

Две третини од невроните на октоподот се наоѓаат во краците, поради што секој од нив може независно да функционира. На пример, додека главниот мозок е зафатен со други операции, краците можат независно да отвораат школка или да извршуваат други споредни операции.

Крвта на октоподите е сина бидејќи наместо хемоглобин заснован врз железо, кој служи за транспорт на кислородот до клетките, октоподите имаат цијаноглобин заснован врз бакар, кој ја има истата намена како хемоглобинот, но е далеку понеефикасен од него при преносот на кислородот.

(Visited 28 times, 1 visits today)