Не можете да вкусувате храна ако немате плунка…

Spread the love

За да го почувствувате вкусот на храната, прво хемикалиите од храната мора да се разложат со помош на плунката што се лачи во устата. За време на тој процес, одредени составни елементи во плунката доаѓаат во хемиска интеракција со супстанците што ги вкусувате и само тогаш рецепторите во устата можат да ги детектираат вкусовите на храната.

Освен тоа, плунката има и функција на лубрикант, односно помага изџваканата храна полесно да помине низ езофагусот.

Лицата што имаат недостаток од плунка (кога организмот им лачи многу малку плунка), патат од состојба наречена „дисгевзија“, којашто се карактеризира со намалена способност за чувствување вкусови или лош вкус, честопати на метал.

Една друга состојба предизвикана од проблеми со плунката неодамна откриена се нарекува „Saliva Hypernatrium“ (во слоб. превод: хипернатриумова плунка) и се карактеризира со преголеми количини натриум во плунката, што пак е предизвикано од друга состојба, наречена „Сјоргренов синдром“. Иако е ретка и сè уште се истражува, состојбата на хипернатриумова плунка ги елиминира сите други сензации во устата, поради што секоја храна има вкус на сол.

(Visited 14 times, 1 visits today)