Клучот за човековата еволуција може да е во исхраната на бонобоа со подводни треви

Spread the love

Благодарение на опсервациите на бонобоа во котлината Конго како берат подводни тревки во мочуриштата богати со јод, којашто е критична хранлива состојка за развојот на мозокот и понапредни когнитивни способности, можеби можеме да објасниме како биле исполнети нутритивните потреби на праисториските луѓе во регионот. Ова е првиот случај на консумација на јод од нечовечки примати и за истиот можете да прочитате во отворениот журнал BMC Zoology.

Д-р Готфрид Хохман од Институтот Макс Планк за Еволутивна Антропологија, водечкиот автор на студијата, изјави: „Нашите резултати имаат импликации за нашето разбирање на имиграцијата на праисториските човечки популации во котлината Конго.

Бонобо е вид од којшто може да се очекува дека поседува слична потреба за јод како луѓето, така што нашата студија нуди — за првпат — можен одговор за тоа како луѓето од прединдустриските миграции преживувале во котлината Конго без вештачки суплементи на јод.“

Истражувачите спровеле бихевиористички опсервации на две заедници на бонобо во шумата Луикотале во Националниот парк Салонга, Демократска Република Конго.

Опсервациите биле искомбинирани со податоците за содржините на јод во растенијата што бонобо ги консумирале благодарение на тековната студија на Зоолошкиот институт за истражувања на дивиот свет Лајбниц во Берлин. Откриле дека подводните тревки што бонобоата ги консумирале се изненадувачки богати со природен извор на јод во котлината Конго, регион што претходно се сметал за сиромашен со извори на јод.

Д-р Хохман изјавил: „Еволутивните сценарија сугерираат дека главниот развој на човековата еволуција е поврзана со живеењето во крајбрежни краишта, каде што диетата предизвикувала позабрзан развој на мозокот кај хоминините. Резултатите од нашата студија сугерираат дека консумацијата на подвотни тревки од мочуриштата во шумските хабитати можеби придонесла за исполнување на потребите за јод на популациите на хоминини, коишто биле навикнати на типови исхрана со преваленција во крајбрежните средини.“

Тој додава: „Нашиот извештај има потенцијал да понуди одговори на прашањето за тоа како мајмуните добивале јод од природните извори на храна во време кога голем број популации населувале зони кои се сметало дека имаат недостаток од јод. Забележано е како и другите видови мајмуни, како шимпанзата и горилите, јадат подводни тревки, а сето тоа сугерира дека јодот, којашто е есенцијална нутритивна состојба, го добивале преку такви извори.“

Сепак, авторите предупредуваат дека е тешко да се процени колку од јодта е апсорбирана од организмите на бонобоата без податоци за статусот на јод во нивните тела, иако со оглед на високите концентрации на тревките, веројатноста е дека го консумираат во значителни количини. Авторите исто така нагласуваат дека концентрациите на јод добиени на локацијата на опсервацијата во Луикотале може да не се исти во целата котлина Конго.

(Visited 26 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *