Феноменот на бакнување што се појавува речиси само кај луѓето…

Spread the love

Феноменот на бакнување што се појавува речиси само кај луѓето, бива постојано студиран од научниците. Наводно, постојат заклучоци од некои истражувачи дека бакнувањето всушност претставува вид на тест, односно тест за тоа дали сексуалниот партнер е способен да одгледува деца. Како, сè уште не е конкретно откриено…

Сепак, според филематолозите (научници што го студираат бакнувањето) од Смитсонијан, кога луѓето се бакнуваат, тие разменуваат девет милилитри вода, 0,7 милиграми протеини, 0,71 милиграми масти… и некаде меѓу 10 милиони и 1 милијарда бактерии. Но, која е поентата на сето тоа? Зошто се изложуваме на ризиците предизвикани од контактот на телесните отвори, каде што може да се вклучени ризиците за заболувања, инфекција, па и лош здив?

Науката сè уште се труди да открие зошто. Најпоследното објаснување е дека бакнувањето најверојатно е стратегија со која го тестираме потенцијалниот генетски код на партнерот, без притоа да го правиме тоа свесно.

На пример, кога партнерот има лош вкус, нашиот мозок не анализира дали партнерот јадел нешто невкусно, туку тој го анализира диверзитетот на гените за хистокомпатибилен комплекс (MCH). Луѓето имаат способност да ги вкусат, па дури и да ги помирисаат гените MHC, коишто укажуваат на тоа дека партнерот ја има точната количина на биодиверзитет во себе, со цел пооптимизирани шанси за здраво бебе.

(Visited 8 times, 1 visits today)