Галактички канибализам

Spread the love

Галактички канибализам – претставува судир на две галаксии, но и подоцнежна апсорпција на деловите од едната галаксија во другата. Овој феномен постои поради тоа што сите галаксии се во движење, а повеќето од нив се многу блиску една до друга.

Галаксијата Андромеда, којашто е најблиска до нашата, се наоѓа на преку 2,5 милиони светлосни години оддалеченост. Така што, со оглед на толкавиот број на големи маси и тела што се движат низ универзумот, само е прашања на време кога едната галаксија ќе ја „изеде“ другата. Секако, не во наше време…

Кога галаксиите се судираат една со друга, гравитациските сили на едната галаксија предизвикуваат вовлекување на другата галаксија, односно на послабата во посилната. Замислете го тоа како една огромна „гравитациска рака“ како посегнува и граба дел од другата галаксија.

Иако ефектот е взаемен, сепак поголемата галаксија — онаа со поголема гравитациска сила — речиси секогаш победува во таквата борба и потоа предизвикува поголемо извитоперување на помалата галаксија.

Галактичкиот канибализам не резултира само со извитоперување на галаксиите, туку помага и во создавањето нови ѕвезди. Кога галаксиите се судираат, од нивните „облаци“ се раѓаат нови ѕвезди.
Пример за тоа можеме да пронајдеме во Млечниот пат. Тој се состои од два дела: диск и ореол.

Повеќето од ѕвездите во дискот се релативно млади и најверојатно се создале во самиот Млечен пат. Ѕвездите во ореолот пак, се многу постари и подревни.

Голем број научници веруваат дека таквите древни ѕвезди во ореолот се всушност формирани во соседните системи или галаксии. Но, благодарение на гравитациските сили, тие биле вовлечени во Млечниот пат.

Ако успееме да го разбереме галактичкиот канибализам, тогаш ќе можеме да пронајдеме одговори и на прашањата за нашиот соларен систем, особено за тоа дали нашиот соларен систем е сосема вообичаен, или пак уникатен. Ако го разбереме тоа, можеби ќе добиеме поголем увид во можноста да постојат други планети како Земјата.

(Visited 22 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *