Кометата Хјакутаке

Spread the love

Кометата Хјакутаке е случајно откриена на 31 јануари 1996 г. Позната е како комета што поминала најблиску до земјината топка (во март истата година) во последните 200 години.

Благодарение на силната светлина што ја генерира, беше видлива низ целиот свет со што ја засени долгоочекуваната Халеева комета, којашто всушност се приближуваше кон внатрешноста на Сончевиот систем во истиот период.

Од неколкуте откритија направени за Хјакутаке преку научни опсервации, најизненадувачкото е дека таа е првата откриена комета што емитува рентгенски зраци. Се претпоставува дека причината за тоа е интеракцијата на јонизираните честички во соларните ветришта со неутралните атоми во комата (маглината што ја обвиткува кометата).

Опашката на Хјакутаке е толку долга, што вселенското летало „Јулисес“ сосема случајно поминало низ нејзината опашка на далечина од дури 500 милиони километри од нуклеусот на кометата.

Хјакутаке е една од тие комети со огромен период на орбитирање. Пред последното поминување во нашиот Сончев систем, ѝ биле потребни 17.000 години да постигне целосна орбита, но благодарение на гравитациски пертурбации на гигантските планети во вселената, тој период е сега зголемен на 70.000 години.

(Visited 15 times, 1 visits today)