Внатрешноста на космонаутскиот костум: неколку интересни факти според NASA

Spread the love

1. Тежината на еден космонаутски костум е речиси 127 килограми на Земјата – без космонаутот. Во средина на микрогравитација во вселената, костумот тежи 0 килограми.

2. Потребни се околу 45 минути за костумот да се облече, вклучувајќи го времето за облекување на специјалната долна облека што на космонаутите им помага да се ладат. Откако ќе го облече костумот, космонаутот мора да помине повеќе од еден час дишејќи чист кислород пред да излезе во модулот под притисок со цел да се приспособи на понискиот притисок во костумот.

3. Причината поради која костумите се бели е фактот дека белата боја ја рефлектира топлината во вселената, исто како што го прави тоа на Земјата. Температурите под директна сончева светлина во вселената достигнуваат и до 135 целзиусови степени.

4. Не постојат машки и женски костуми, иако за жените космонаути обично се доволни костуми со помала големина.

5. Костумот е осмислен со голем број делови што може да се заменуваат, со цел истиот костум да може да го користат голем број на космонаути со различнa големинa. Таквите делови (горниот и долниот труп, екстремитетите итн.) се прават во различни големини за да може да се заменуваат поединечно.

6. Дизајнерите на костумите земаат мерки од секој од космонаутите за да можат да ги изработат компонентите на костумите поединечно. Костумите што се користат за вежби обично се склопуваат девет месеци пред летот, додека костумите што се користат за летањето се склопуваат четири месеци пред летот.

(Visited 27 times, 1 visits today)