Атмосферата на Плутон

Spread the love

Плутон е толку мала планета, што сè уште не e разбирливо зошто има атмосфера. Нејзината големина не би требало да создава доволно силна гравитацијата, која ќе ја задржува атмосферата сочинета од азот за таа да не биде растурена од ултравиолетовите зраци на Сонцето.

Оваа т.н. џуџеста планета постои веќе четири милијарди години и според сите закони, таа би требало уште пред 10.000 години да ја има изгубено сета своја атмосфера. Претпоставките се дека одреден внатрешен непознат извор на топлина, веројатно радиоактивен, е виновникот зошто сè уште има доволно азот на планетата за таа да има атмосфера. Таквата азотна атмосфера создава состојба на самрак и е скоро 3 пати поширока од таа на Земјата. Достигнува околу 1.200 км (земјината атмосфера е само 480 км).

(Visited 13 times, 1 visits today)