Клучни концепти во теоријата на системи

Spread the love

Следните термини претставуваат клучни концепти што ќе ги пронајдете во литературата за теорија на системи:

  • Систем: организиран ентитет што се состои од меѓуповрзани и меѓузависни делови.
  • Граници: бариерите што го дефинираат системот и го разликуваат од другите системи во средината.
  • Хомеостаза: тенденцијата еден систем да биде отпорен кон надворешни фактори и да ги одржува своите клучни карактеристики.
  • Адаптација: тенденцијата за самостојна адаптација со цел да се направат потребните внатрешни промени за системот да се заштити себеси и да продолжи да ја исполнува својата цел.
  • Реципрочни трансакции: кружни или циклични интеракции во коишто системите учествуваат на тој начин што предизвикуваат меѓусебно влијание.
  • Јамка на повратни информации: процесот според кој системот се самокоригира врз основа на реакциите од другите системи во средината.
  • Капацитет: стапката на пренос на енергија меѓу системот и неговата средина во времето додека тој функционира.
  • Микросистем: системот најблизок до клиентот.
  • Мезосистем: односот меѓу системите во една средина.
  • Егзосистем: односот меѓу два система којшто има индиректен ефект врз трет систем.
  • Макросистем: поголем систем којшто има влијание врз клиентите, како политиките и правилата, администрирањето на програми за добивање права и културата.
  • Хроносистем: систем составен од значајни животни настани коишто влијаат врз адаптацијата.
(Visited 23 times, 1 visits today)