Вовед во теорија на системи

Spread the love

Теорија на системи претставува интердисциплинарно изучување на системите. Дефиницијата за системот пак вели дека тој претставува кохезивна конгломерација на меѓуповрзани и меѓузависни делови, коишто се природни или направени од човекот.

Секој систем се разграничува според своите просторни и временски граници, опкружен е и има влијание од својата средина, додека пак неговата структура и намера или природа го опишуваат, а изразот го добива преку своето функционирање.

Во поглед на ефектите, системот може да биде многу повеќе од само сума на своите делови, ако тој изразува синергија или оформувачко однесување. Ако еден дел од системот претрпи промени, обично ефектите ги чувствуваат и другите делови на системот, каде што шаблоните на однесување се предвидливи.

Системите коишто имаат карактеристики на самоизучување и самоадаптирање, позитивниот раст и адаптацијата зависат од тоа колку добро системот е приспособен на својата средина. Одредени системи функционираат главно како поддршка за други системи, со тоа што им помагаат во нивното одржување за да се спречи крах.

Целта на теоријата на системи е систематско откривање на динамиките на системот, неговите ограничувања, условите и објаснување на неговите принципи (намерата, мерката, методот, алатките итн.) меѓу кои може да се прави разлика и да се применат во системи на сосема друго ниво на „вгнездување“ на системот и во секое друго поле со цел постигнување на оптимизирана еквифиналност.

Општата теорија на системи се занимава со концептите и принципите што имаат широка примена, а не само оние што може да се применат во еден домен. Таа прави разлика меѓу динамичките или активните системи и статичните или пасивните системи.

Активните системи се структури што се состојат од активности или компоненти, коишто прикажуваат интеракција во поглед на однесувањата и процесите.

Пасивните системи се структури и компоненти што се обработувани од другите системи. На пример, една програма е пасивна кога е во форма на диск, но активна кога работи во меморијата.

Ова поле е поврзано со полињата на размислување во системи, машинска логика и системски инженеринг.

(Visited 33 times, 1 visits today)