Вил Дурант за цивилизациите (извадок)

Spread the love

Следниот текст е превод на извадок од книгата The Story of Civilization (Приказната за цивилизациите) на Вил Дурант и се однесува на пропаста и повторното издигнување на цивилизациите:


„… Заради тоа, напнатоста што опстојува меѓу религијата и општеството, ги означува повисоките фази на секоја цивилизација. Религијата започнува со тоа што нуди магична помош на изнамачените и збунетите, а кулминира со понуда за единство на луѓето обвиткано во морали и верувања, коишто потоа им стануваат се попривлечни на државниците и уметниците; на крајот, завршува со самоубиствена борба на една кауза загубена во минатото.

Онака како што знаењата непрестајно се зголемуваат или нè менуваат, тие доаѓаат во судир со митологијата и теологијата, кои пак одбиваат да се приспособат на времето и опстојуваат речиси како некоја руина што бавно се распаѓа изложена на времето… Каде што контролата на поповите и папите над уметностите и пишаниот збор дава чувство на иритирачки прангии или поставува препрека полна омраза, додека историјата на интелектот добива еден незгоден нарав на ‘конфликт меѓу науката и религијата’.

Институциите што првично биле во рацете на свештенството, како законите и казните, образованието и моралот, бракот и разводот, притоа почнуваат да се ослободуваат од црковната контрола, да стануваат посекуларни, можеби и безбожни.

Потоа, интелектуалните класи почнуваат да ја напуштаат древната теологија и — по одредено двоумење — дел од моралниот код карактеристичен за неа; литературата и филозофијата стануваат противсвештенички. Движењето на ослободувањето потоа расте со жизнерадосно обожување на разумот и резонот, а со секоја догма и секоја идеја, се запаѓа во една парализа на разочараност.

Соголени од религиозната потпора, работите сè повеќе пропаѓаат во еден епикурејски хаос; но и самиот живот, кому сега му е ускратена онаа утешителна верба што религијата ја носи, станува само едно бреме, една состојба на свесна сиромашкост и скапнувачка имашливост.

Сепак општеството и религијата заедно ја доживуваат пропаста на крајот, како таа на телото и душата во хармонична смрт. Во меѓувреме, меѓу угнетуваните се воздига нов мит, се раѓа нова форма на човечка надеж, нова храброст за човечки дострели и, по неколку векови, од хаосот се издигнува нова цивилизација.“


-Вил Дурант, „Приказната за цивилизациите“ (1935–1975)

(Visited 29 times, 1 visits today)

Leave A Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *